Избегната трагедија: Велкоски на мал фудбал удри со глава - директно во ѕид (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу футсал тимовите на Сараево и Вратник го одбележа инцидент кога поранешниот македонски фудбалер Крсте Велкоски заврши со глава во ѕид.

Еден од фудбалерите на Вратник со опасен старт го „покоси“ Велкоски, а целата ситуација ги исплаши сите во салата. 

Натпреварот беше прекинат на неколку минути затоа што на Велкоски му се укажувала медицинска помош, а потоа со возило на Итна помош бил испратен во болница.

Иако изгледаше опасно во прв момент, сепак босанските медиуми пишуваат дека Македонецот не е потешко повреден.