Мајстори за загубени бодови: Челси е во сериозна криза!

Светскиот клупски шампион Челси се наоѓа во сериозна резултатска криза, која беше продолжена со поразот од Астон вила (1-2) на „Стемфорд Бриџ“.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека „сините“ загубиле дури 13 поени откако први постигнале гол и биле во позиција да победат.

Интересно е тоа што ниту еден друг клуб оваа сезона нема загубено доколку бодови кога бил во идентична позиција.

Доколку „сините“ ги освоеле бодовите, тие ќе имале вкупно 42 поени и ќе биле на делба на првата позиција со Арсенал. Сепак, Челси по 18 одиграни меча има само 29 бода и се наоѓа на петтото место во Премиер лигата.