Елмас во елитно друштво на Наполи, со Марадона и уште седум фудбалери (ФОТО)
Нашиот фудбалер е еден од само деветтемина фудбалери во историјата на клубот од Неапол кој ги освоил сите три титули во Италија во небесно синиот дрес. Најзвучно име во ова друштво е Диего Марадона кој беше член на Наполи од 1984 до 1991 година и во тој период освои вкупно пет трофеи, вклучувајќи два во Серија А (1987 и 1990 година), по еден во Купот (1987) и Суперкупот (1990) на Италија, како и пехарот од поранешниот Куп на УЕФА, освоен во 1989 година.
Останатите седуммина се: Реника, Де Наполи, Ферара, Ди Лоренцо, Мерет, Политано и Лоботка со тоа што последните четворица во моментов му се соиграчи на Елмас во тимот на Наполи.
Нашиот репрезентативец во својата кариера има три трофеи на сениорско ниво и сите три освоени со Наполи: во Серија А во 2023, во Купот на Италија во 2020 и Суперкупот оваа година. Сезонава тој настапува како позајмен играч од Лајпциг, но беше еден од најдобрите во тимот во Суперкупот што се одржа минатата недела.