Меч со многу емоции на Енфилд: Ливерпул и Вулвс првпат играат по смртта на Жота!

Денеска со почеток од 16 часот Ливерпул го пречекува Вулверхемптон во натпревар од Премиер лигата, ова ќе биде посебен дуел, ќе има многу емоции на Енфилд.

Диого Жота кој изминатото лето трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа го носеше дресот и на двата клуб.

Во Премиер лигата пристигна во Вулвс, каде со своите игри го привлече вниманието на големите и направи трансфер во Ливерпул.

Првпат по неговата смрт овие два клуба имаат меѓусебен дуел. Денеска многу работи на Енфилд ќе бидат во чест на Диого Жота.