Војна на гигантите: Реал Мадрид ја тужи Барселона и бара милионска отштета!

Шпанскиот медиум „АС“ објави дека истрагата за наводното потплаќање на судиите би можело да продолжи до 1 март, а од Мадрид најавија притисок преку суд кон Барселона дека во период од 2001 до 2018 година му исплаќа пари на Негреира.

„Кралевите“ бара ревизија на сите документи на каталонскиот гигант за да се дознае што се случувало со финансиите на Барселона и каде завршувале парите.

Реал Мадрид нема да запре со тоа затоа што бара и милионска отштета од Барселона за штетата и загубата која му била предизвикана на „кралскиот клуб“ со случајот „Негреира“.

Скандалозниот случај се фокусира на исплатите во износ од 8,4 милиони евра од страна на Барселона кон фирми на поранешниот потпретседател на техничкиот комитеет на судиите, Хозе Марија Енрике Негреира и неговиот син, а за возврат добивале извештаи за судиските извештаи.

Фото: EPA