Распад-систем во Ферари: Леклер се заканил дека ќе си замине

Италијанските медиуми пишуваат дека Шарл Леклер го губи трпението и наскоро би можел да замине од Ферари, доколку екипата не се вклучи во трката за шампионската титула.

Како се приближува новата ера во Формула 1 од 2026 година јасно е дека следните месеци ќе бидат пресудни за иднината на возачот од Монако.

Леклер нема да му даде уште многу шанса на италијанскиот тим, односно по трката во Мајами ќе има јасна слика за тоа дали Ферари има изградено болид со кој може да се борат за титулата.

Неговиот менаџер Николас Тот преетходно кажа дека Леклер мора да добие болид кој ќе биде идеален за него.