Нема крај на скандалот во Турција: Уапсен и екс-потпретседател на Галатасарај

Во Турција продолжуваат апсењата во скандалот со наместени натпреваари, а обвинителството во Истанбул денеска соопшти дека се уапсени уште 24 лица.

Помеѓу уапсените сега е поранешниот потпретседател на Галатасарај, Ерден Тимур, како и поранешниот потпретседател на Ејупспор, Фати Кулказис и уште еден вработен во Фудбалскиот сојуз на Турција.

Од останатите, 14 лица биле фудбалери кои се осомничени дека се обложиле на пораз на своите екипи, додека шестмина се обвинети дека се обложиле и влијаеле на резултатот од натпреварот помеѓу Кашимпаша и Самсунспор од 2024 година.

Ќе потсетиме, ова е веќе трет бран на апсења во Турција, претходно беа суспендирани и уште 150 судии.