Слот сака да го замени Исак со напаѓач од 80 милиони евра!

Според последните информации, екипата на Пари Сен Жермен сака  да го доведе Гонзало Рамош како замена за повредениот Александар Исак.

Исак се здоби со скршеница на ногата во победата против Тотнем и го чека пауза од неколку месеци, но засега нема точен датум кога би се вратил.

Британските медиуми пишуваат дека Ливерпул разгледува неколку опции и Рамош е еден од кандидатите.

Слот во 24-годишниот Португалец гледа напаѓач кој брзо би се вклопил и би додал вистински голгетерски инстикт на тимот.

Рамош во ПСЖ пристигна за околу 80 милион евра и е под договор со францускиот шампион до летото 2028 година.

Во дресот на ПСЖ, постигна 42 гола и додаде девет асистеннции на 109 натпревари во сите натпреварувања.