Реал Мадрид наредната сезона ќе направи историска промена на дресот (ФОТО)

Според последндите најави, Реал Мадрид за новата сезона подготвува голема промена со изгледот на дресот.

Најпознатите портали за фудбалски дресови „Footy Headlines“ и „Opelak“ го објавија изгледот на домашната гарнитура која „кралевите“ треба да ја носат следната сезона.

Традиционално дресот на Реал ќе биде во бела боја, а доколку информациите се покажат како точни за првпат на дресот на гигантот од Мадрид ќе има бордо боја.

Во таква боја според најавите ќе бидат линиите на ракавите, покрај тоа тука се и темно зелените детали.