Ќе се плаче на „Енфилд“: Ливерпул и Волвс имаат изненадување за децата на Диого Жота!
Тоа ќе биде првиот меѓусебен натпревар на двата клуба по трагичната смрт на Диого Жота, фудбалер кој остави длабок печат и во двете средини. Португалскиот напаѓач беше еден од симболите на „волците“, а подоцна и значаен дел од успесите на „црвените“. Во дресот на Вулверхемптон постигна 44 голови и запиша 19 асистенции, додека за Ливерпул реализираше 65 погодоци и додаде 26 завршни додавања. Неговата трагична смрт пред речиси една година силно ги погоди двата клуба, кои решија заеднички да му оддадат почит.
Синовите на Жота, Диниш и Дуарте, ќе бидат дел од официјалниот протокол на натпреварот и ќе излезат на терен како маскоти на тимовите. Поради тоа, тешко дека ќе има некој „Енфилд“ кој нема да плаче за време на овој емотивен момент.
ФОТО: EPA PHOTO