Вредноста му се зголеми за 833% за една година, а пак е помала од она што Њукасл го плати за него
Робусниот напаѓач постигна седум гола во досегашниот дел од сезоната и се наоѓа на делба на петтото место на листата на стрелцви, заедно со уште петмина фудбалери. Малкумина очекуваа таков почетокот на неговата островска кариера, особено поради тоа што во татковината имаше еден куп критики за Њукасл дека го преплатил поранешниот фудбалер на Штутгарт.
Минатата година, тој според Трансфермаркт вредеше само 7,5 милиони евра, во текот на летото таа сума се искачи на 30 милиони, но премиерлигашот сепак плати 75 милиони евра. Како резултат на фантастичните настапи во Премиер лигата, сега Волтемаде вреди 70 милиони евра што е зголемување за 833% во однос на минатата година.
И повторно таа сума е помала од онаа што Њукасл ја плати за него, но во клубот веројатно никој не жали за тоа бидејќи Волтемаде досега го оправда секој цент вложен во него.