Замбија и Коморските острови влегуваат во „војна“ за прва победа на Африканскиот куп!
Замбија во воведното коло ремизира со Мали (1-1) и повторно ќе смета на силна поддршка од своите навивачи на трибините. Од друга страна, Коморските Острови беа поразени од фаворитот Мароко (0-2) на стартот на шампионатот. Формата не оди во прилог на ниту една селекција – Замбија во последните пет натпревари има едно реми и четири порази, додека Коморските Острови запишаа една победа и четири порази, со серија од четири последователни неуспеси.
Двата тима последен пат се сретнаа во јуни, кога Коморските Острови славеа со 1:0 на гостински терен. Во последните пет меѓусебни дуели, двете селекции имаат по две победи.