Ѓоковиќ заработува на секаков начин – за неговата животна приказна ќе добие 13,5 милиони евра
Според информациите за подготовката на овој документарец, фокусот нема да биде само на неговите резултати. Тоа ќе биде и приказна за неговата големина, дисциплина, наследството што ќе го остави зад себе овој извонреден спортист, кого многумина го сметаат за најдобар тенисер на сите времиња. Сепак, има нешто уште поважно што зборува за феноменалниот карактер на српскиот ас. Добар дел од сумата што ќе ја добие за снимањето на документарната серија, Ѓоковиќ ќе ја пренасочи кон разни хуманитарни агенции, што, како што пишува авторот на овој текст на Инстаграм, уште повеќе импресионира милиони негови обожаватели кои ја почитуваат неговата дарежливост и на теренот и надвор од него.
Ова нема да биде прв пат Нетфликс да снима документарци од светот на тенисот. Тој веќе го направи тоа со Карлос Алкараз - „Мој начин“.