Вардар в недела ќе организира комеморација за Васил Рингов
Комеморацијата ќе биде организирана в недела во 12 часот во Дијамантската сала на хотел „Хилтон“ во Скопје.
„ФК Вардар ги поканува сите љубители на фудбалот, навивачи на клубот, почитувачи на Васе Рингов да присуствуваат и да му одадат почит на една од најголемите фудбалски легенди на клубот и државата“, соопштија од клубот.