Мареска го отпиша Челси од трката за титулата во Премиер лигата
Мареска на прес-конференција кажа дека неговата екипа нема да биде во трка за титулата во англискиот шампионат, а притоа зборуваше и за претходната изјава во која кажа дека ги поминал „најлошите 48 часа“ во Челси.
„Немаме константност. Тоа е причина зошто не сме блиску до врвот, мора да бидеме добри против различни екипи. Тоа е една од нашите цели за во иднина. Ако сакате да бидете таму на крајот на сезоната, мора да бидете константни. Затоа сметам дека декември, јануари и февруари се важни месеци“, кажа Мареска.