„Сè во мојот дом мора да мириса на ванила, се будам навечер за да јадам колачи“

Талентираниот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал ја искористи паузата за да направи Јутјуб канал на кој веднаш објави видео од десетина минути и понуди прошетка низ неговиот дом.

Куќата беше прикажана во снимката, а младата ѕвезда зборуваше и за одредени детали кои досега не ѝ беа познати на ајвноста.

„Сè во мојата куќа мора да мириса на ванила. Ако нешто не мириса на ванила, тогаш не е по мој вкус. Ми велат дека премногу трошам време на тоа, но јас знам што сакам“, вели Јамал.

Најмногу реакција предизвика неговата изјава за навиката која ја има да стане среде ноќ за да јаде колачи.

„Се обидувам да легнам рано. Тоа го правам за да се разбудам среде ноќ и да јадам колачи. Тоа ми е омилен план. Затоа не можам да имам девојка“, раскажува фудбалерот.