Зидан дојде да го гледа синот на Африканскиот Куп на Нации и ја воодушеви публиката (ВИДЕО)

Aлжир славеше победа над Судан од 3-0 во натпреварот на Африканскиот Куп на Нации, а внимание од овој дуел предизвика и Зинедин Зидан.

Имено, поранешниот тренер на Реал Мадрид се појави на стадионот за да го гледа својот син, Лука Зидан кој одлучи да брани за репрезентацијата на Алжир.

Присуството на француската легенда на стадионот предизвика вистинското воодушевување кај публиката кое можеше да се забележи кога неговиот лик беше прикажан на големиот екран. (ТУКА)

На крајот Зидан кој е без ангажман од 2021 година имаше и причина за задоволство бидејќи Алжир победи, а неговиот син остана несовладан.