Нов спектакл на повидок: Пол ќе се бори против Мекгрегор!?

Џејк Пол беше нокаутиран од Ентони Џошуа на последната борба и заврши во болница, но планира наскоро повторно да се бори, и тоа против контроверзниот УФЦ-борец, Конор Мекгрегор.

Американските медиуми пишуваат дека постои можност за одржување на борба меѓу Пол и Мекгрегор, но само под специјални правила, односно првите три рунди да бидат бокс-меч, па потоа да се продолжи во борење, а на крајот да се тепаат со голи раце.

„Мислам дека Пол ќе го победи Мекгрегор. Ништо не може да го исплаши. Се бореше со Џошуа, ништо не може да го исплаши“, вели поранешниот шампион Џорџ Грувс.