Ѓорческа ќе настапи на квалификациите за Австралија опен (ФОТО)

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа повторно ќе настапи во квалификациите за првиот гренслем-турнир во сезоната, Австралијан опен.

Ѓорческа се најде на листата со учеснички во квалификациите, а наскоро ќе дознае против кого ќе го почне патешествието во обид да избори прво учество во главниот дел од турнирот.

Македонката во 2017 година имаше одличен настап и стигна до третото квалификациско коло на Австралијан опен, но загуби од Стефани Вогел.