Балотели му се враќа на фудбалот, ќе игра во Саудиска Арабија!?

Искусниот италијански напаѓач Марио Балотели не се откажал од професионалниот фудбал и наскоро би можел да се врати на терените, односно да го облече дресот на Ал-Итифак.

Балотели долго време е без клуб, а последниот ангажман го имаше во Џенова, но неговиот престој траеше кратко и за шест настапи запиша само 56 минути.

По разочарувачката епизода во Џенова, Балотели се надеваше на враќање во Серија А, меѓутоа не пристигна понуда, па сега наводно за неговите услуги е заинтересиран Ал Итифак.

Балотели во кариерата играше за голем број екипи, како Интер, Манчестер сити, Милан и Ливерпул.