Како пред 30 години Васил Рингов го нокаутира Динамо Букурешт (ВИДЕО)
Рингов во кариерата одигра повеќе од 200 натпревари за Вардар, а притоа постигна 93 голови од кои еден беше против Динамо Букурешт пред три децении.
Динамо Букурешт славеше на мечот во првото коло со 2-1, а Рингов го постигна единствениот погодок за „црвено-црните“ на средбата во 1985 година. Тоа се покажа како клучно затоа што во реваншот скопскиот гигант успеа да слави со 1-0 и помина понатаму поради „гол на гости“.