Комедија на Африканскиот Куп на Нации: Режисерот ги помеша репрезентациите и химните (ВИДЕО)

Aфрикансксиот Куп на Нации често пати знае да донесе интересни ситуации, па така видовме и една уште во првите денови од натпреварувањето.

Имено во последниот натпревар од вчерашната програма се сретнаа Египет и Зибабвме, а селекцијата предводена од Мохамед Салах и Омар Мармуш славеше 2-1 со пресврт.

Но, внимание од овој дуел привлече и една сцена пред самиот почеток. Имено, режисерот во текот на интонирањето на химните ги прикажуваше репрезентативците на Замбија додека во позадина одеше химната на египетската репрезентација.