Станковиќ: Со Звезда се договоривме за една минута

Дејан Станковиќ денеска и официјално беше промовиран за нов тренер на Црвена Звезда каде што пристигна на местото на Владан Милојевиќ.

Станковиќ на клупата на Звезда го наследи Владан Милојевиќ, со кого клубот спогодбено ја прекина соработката.

„Сакам и јавно да му се заблагодарам на Милојевиќ за сè што направи за клубот. Со Звезда се договоривме за една минута, размислував само како ќе изгледа сè, не дали ќе прифатам. Не можеш да избираш еден трофеј или едно натпреварување. Тука сум за да одговорам на сите предизвици. Имаме силна екипа, имаше мал замор, но овие момци тренираат од јуни. Можно е во ноември и декември да падне мотивацијата, но тоа ќе го смениме“, изјави Станковиќ на прес-конференцијата.

Поранешниот капитен на српската репрезентација, кој има 47 години, веќе еднаш беше тренер на Црвена звезда, од јануари 2019 до август 2022 година. Во тој период освои три шампионски титули и два Купа на Србија.

Станковиќ потпиша договор за соработка до 2028 година.

Фото: EPA