Мечка не оди никаде: Лазаревски и повреден го продолжи договорот со Вардар

Иако поради повреда и понатаму е надвор од терените, Вардар потврди дека го продолжува договорот со Милан Лазаревски за уште ве години.

Лазаревски кој пристигна во 2022 година така се обврзува на верност до 2027 година.

„Со продолжувањето на договорот, Вардар задржува играч кој веќе се профилираше како еден од столбовите на тимот на пивотменската позиција и кој со својот карактер, работна етика и однос кон клубот претставува пример за младите ракометари.

Клубот гради тим на подолг рок, а токму играчи како Милан, кои во целост ги прифатиле вредностите и обврските што ги носи црвено-црниот дрес, се темелот врз кој се градат идните успеси. Навивачите и во следните две сезони во „Јане Сандански“ ќе го гледаат еден од најборбените играчи во тимот. Неговата енергија, жестината во дуелите и подготвеноста да се жртвува за секоја топка многупати ја подигнуваа публиката на нозе“, соопшти Вардар.

Во наредниот период во Вардар се очекуваат и нови имиња, а веќе беше потврден Бразилецот, Жоао Педро Да Силва кој на тимот ќе се приклучи од јануари.