Пелистер 2 со победа против Пролет ја заврши 2025 година

Ракометарите на Пелистер 2 триумфираа против Пролет со 32-25 во 18. коло од македонската Суперлига.

Екипата од Битола играше одлично од стартот, па првото полувреме го доби со 16-9, додека во вториот дел рутински ја обезбеди победата.

Мохамед Азиз Бен Махфоудх постигна 10 голови за Пелистер 2, додека Давор Палевски постигна седум погодоци за Пролет.