Џошуа го разнел Џејк - вилицата му е распарчена (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Двократниот поранешен светски шампион во тешка категорија беше премногу за американската интернет ѕвезда, а последиците беа ужасни.

„Ме претепаа, но таков е спортот“, призна Пол веднаш по мечот, видливо исцрпен и крвав.

За време на изјавата пред камерите, Пол откри колку се сериозни повредите:

„Патем, мислам дека вилицата ми е скршена“, рече тој, а потоа кратко застана за да исплука крв од устата, што ги шокираше гледачите во преносот во живо.

Дека не станува збор само за претпоставка, Пол брзо потврди на социјалните мрежи. Тој објави видео кое ги вознемири неговите следбеници, на кое јасно се гледа сериозната штета на неговата вилица предизвикана од катастрофалниот удар со десна рака од Ентони Џошуа. Неговата вилица е скршена на две места

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Видеото е вознемирувачко!

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jake Paul (@jakepaul)