Се подготвува јануарска бомба: Гимараеш за 100 милиони си оди од Њукасл!
Многумина беа изненадени кога Гимараеш од Лион премина во Њукасл иако се поврзуваше со клубови како Барселона, ПСЖ и Арсенал.
Тогаш Њукасл за него плати 42 милиони евра, а сега може за повеќе од двојно да го продаде.
Во договорот на Бруно Гимараеш има откупна клаузула од 100 милиони евра која некој од клубовите може да ја искористи.
Наводно, клуб од Премиер лигата веќе некое време ја следи ситуацијата и е подготвен да ги даде парите.