„Неверојатно е, но Сафонов бранеше со скршена рака“
Во текот на пенал серијата, Сафонов ја скршил раката, но морал да продолжи, па и со скршена рака продолжи да ги брани ударите од 11 метри на Бразилците.
Неколку дена по овој натпревар, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике ја откри таа шокантна информација.
„Не можам тоа да го објаснам. Неверојатно е, но и тој не знае како се случило. Мислиме дека е кај третиот пенал кога направи чудно движење. Има скршеница. Со адреналинот кој го имаше ја заврши целата сесија на пенали и покрај скршеницата“, рече Луис Енрике.
„Мислам дека ова првпат како мој голман брани четири пенали во пенал серија. Многу сме среќни што го освоивме овој трофеј, сметам дека заслуживме“.
Сафонов е на добар пат да го земе местото на Чевалие кој беше донесен да биде прв голман, но скршеницата на раката може да биде пех за рускиот голман. Нејасно е колку ќе треба да паузира.