Проектил, „банана“, па украдена топка - Едвардс го уништи шампионот (ВИДЕО)
Гостите подобро го отворија натпреварот и имаа водство од десет поени по првата четвртина, но Вулфс успеаја да ја намалат разликата на -3 до крајот на првото полувреме. Остатокот од натпреварот беше одличен, тимовите постојано се менуваа во водство и беше јасно завршницата ќе биде неизвесна.
И, бидејќи беше така, се очекуваше Ентони Едвардс, од една страна, и Шеј Гилџес Александер од друга, да ја земат топката во свои раце. Како победник од тој дуел излезе играчот на Минесота. Прво, погоди тројка за 108-107 на 38 секунди до крајот, потоа залепи „банана“, па оствари важен скок и конечно му ја украде топката на Гилџес Александер, по што ја потврди победата за домашниот тим.
Едвардс го заврши натпреварот со 26 поени и 12 скока, Рендл додаде 19 поени, а Дивиченцо и Рид имаа по 15. Гостите ги предводеше Гилџес Александер со 35 поени, Вилијамс имаше 17, Холмгрен и Мичел постигнаа по 14.
РЕЗУЛТАТИ
Бостон - Мајами 129-116
Њујорк - Филаделфија 107-116
Атланта - Сан Антонио 98-126
Кливленд - Чикаго 125-136
Минесота - Оклахома 112-107