Познато е колку заработија Џошуа и Пол за боксерското шоу!

Британскиот тешкаш, Ентони Џошуа го нокаутираше Џејк Пол во шстата рунда, а двајцата добро се збогатија од овој бокс меч.

Јутјуберот Џејк Пол во најголемиот дел од борбата избгнуваше дуели, а и Ентои Џошуа одбегнуваше рано да го нокаутира, се чинеше дека мечот треба да трае неколку рунди пред да дојде клучниот момент.

Конечно во шестата рунда Џошуа брутално го нокаутираше Џејк Пол кршејќи му ја вилицата.

Мечот беше разочарувачки, коментарите на фановите се негативни, но сметките на двајцата натпреварувачи се позитивни.

Џошуа и Пол поделија братски 184 мииони долари, тоа значи дека секој од нив ќе добие по 92 милиони долари за оваа борба.