Барса тргнува по хрватски дефанзивец - најскапиот!
Првата е хртватскиот фудбалер Јошко Гвардиол, а втората е Италијанецот, Алесандро Бастони.
Двајцата се исклучително скапи. Манчестер Сити за Гвардиол плати неверојатни 90 милиони евра со што го урна рекордот за најскап дефанзивец.
Барселона се уште е во финансиски проблеми, но и покрај тоа клубот се надева дека ќе може да си го дозволи тој луксуз и следното лето да донесе елитен дефанзивец.
Манчестер Сити тешко ги продава своите фудбалери, надежта на Барса е во евентуално заминување на Пеп Гвардиола од англискиот тим, по што таму би можело да се случи комплетен ремонт.
Според „Трансфермаркт“, актуелната цена на Гвардиол е 70 милиони евра, а на Бастони и 80 милиони евра.
Манчестер Сити за овие пари сигурно не би го продал својот фудбалер, па останува да се види дали ќе се оствари желбата на Барселона.