Годините ништо не му можат: Ибра и на 45 тренира како ѕвер (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ подолго време не е активен на фудбалските терени, но и на 45 години покажува дека е во фантастична физичка форма.

Легендарниот Швеѓанец на социјалните мрежи објави видео од својот тренинг и тоа со импреесивна килажа. Имено, тој вежбата ја започнува со 105 килограми и во продолжение оди и до 120.

Ќе потсетиме, денеска Ибрахимовиќ има директорска функција во Милан, а исто така стана и еден од сопствениците на шведскиот Хамарби.