Тенисерка откри скандал: Ми понудија 1.000 евра да го загубам првиот гем!

Во Франција во овој период во тек е голема истрага за местење натпревари во професионалниот тенис, а до овој момент обвинети се седум лица, меѓу нив има и тројца француски тенисери.

Истрагата беше отворена пред две години, а според информациите до кои дојде „РМЦ“ тројцата тенисери неодамна го признале делото за кое се обвинуваат. Во наредните недели обвинетите ќе бидат изнесени пред суд и против нив ќе има соодветни постапки.

За време на истрагата сведочеше и тенисерката Марина Партау кој призна дека ѝ биле понудени 1.000 евра да загуби гем.

„Играв турнир во Романија и некои луѓе дојдоа и ми кажаа: Ако го изгубиш првиот гем, ќе добиеш 1.000 евра во кеш веднаш по мечот“. Понудата ја одбив, но подоцна размислував за тоа и сфатив дека е лудо бидејќи отприлика 1.000 евра е сумата која можев да ја добијам, ако го освојам турнирот. Поради тоа можам и да разберрам зошто многу би прифатиле такво нешто“, објасни Партау.

Денес 31-годишната Французинка најдобриот пласман на ВТА листата го имаше во 2022 година кога во сингл беше 371. тенисерка во светот.