Поранешен УФЦ борец сам се тепаше со четворица по борбата на Пол и Џошуа (ВИДЕО)

Изминатата вечер во центарот на вниманието беше боксеркиот меч помеѓу Џејк Пол и Антони Џошуа кој заврши со победа со нокаут во шестата рунда за поранешниот светски шампион, а по борбата дошло и до инцидент.

Имено, на социјалните мрежи се појави снимка во која поранешениот шампион во УФЦ, Андреј Арловски влезе во пресметка со четири други лица.

Арловски во еден момент влезе во конфликт со контроверзниот инфлуенсер, Џек Доерти, а потоа во негова одбрана застанаа и тројца негови пријатели кои не поминаа најдобро.