Фудбалер на Ливерпул откри како Салах се извинил: Таков човек е тој...
Џонс истакна и дека никој од соиграчите не му замерува на Салах.
„Мо може да каже што сака. Ни се извини и пред сите кажа: „Ако сум повредил некого или сум направил да се чувствувате лошо на кој било начин, се извинувам“. Таков човек е тој“, изјави Џонс за „Скај спортс“, па додаде:
„Нашиот однос кон него не се промени. Претпоставувам дека тоа што го кажа претходно беше исклучиво од желбата да биде победник и мислам дека нема да биде последниот кој ќе каже нешто такво“.
Инаку, Ливерпул денеска од 18:30 часот ќе гостува кај Тотнем без Салах, кој се приклучи на репрезентацијата на Египет пред почетокот на Африканскиот куп на нации.