Лапорта жестоко удри по Реал Мадрид: Имаат ѓубре од ТВ канал кој шири гнасни лаги!
Без да го именува експлицитно, Лапорта говореше за, како што ги нарече, цинизам, ароганција и медиумска манипулација, обвинувајќи дека преку сопствени канали се води континуирана кампања за нарушување на имиџот и историјата на Барселона. Притоа порача дека клубот од „Камп Ноу“ повторно е стабилен и моќен, не само на теренот, туку и на институционално ниво, и дека обидите за бришење или искривување на неговото наследство се однапред осудени на неуспех.
Првиот човек на Барса оцени дека актуелните напади се резултат на завист и немоќ кај оние кои, според него, користат нечесни и неетички методи, кршејќи ги основните морални и спортски принципи. Тој говореше и за постојани, организирани обиди за поткопување на угледот на клубскиот амблем и вредностите што ги претставува Барселона, нагласувајќи дека таквото однесување нема да биде толерирано.
Во завршницата од обраќањето, Лапорта испрати порака со изразен оптимизам, алудирајќи на идните предизвици и изборниот период што следува. Тој изрази надеж дека и наредната година ќе се соберат во ист амбиент, но тогаш со повод за славење на нови успеси.