Шкендија ги дозна можните ривали за нокаут фазата од КЛ!

Актуелниот македонски шампион, екипата на Шкендија испиша историја откако се пласираше во плеј-офот од Конференциската лига, а познати се и двете екипи кои може да ги добие за противник.

Шкендија настапот во лигашкиот дел го заврши на 22. место, а тоа значи дека ќе игра со 11. или со 12. тим на табелата. Тоа се Лех Познан од Полска и Самсунспор од Турција. 

Една од овие две екипи ќе биде противникот на Шкендија во нокаут фазата.

А кој ќе биде, ќе се знае на 16 јануари кога ќе биде извршена ждрепката.

Мечевите се играат на 9 и 16 февруари, Шкендија не е носител, па првиот меч ќе го игра на домашен терен.