ФФМ распиша конкурс за изработка на шампионски пехар за Првата лига

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) распиша конкурс за изработка на шампионски пехар за освојувачот на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

ФФМ сака преку конкурсот да добие современо, препознатливо и автентично уметничко решение за новиот трофеј наменет за шампионот.

Идејните решенија може да се достават електронски на ffm@ffm.com.mk или во архивата на ФФМ (бул. АСНОМ 21) најдоцна до 15 март 2026, додека условите за учество следат во продолжение или на веб-сајтот на ФФМ.

Право на учество имаат: академски уметници, дизајнери, студенти на ликовни академии, архитекти, скулптори и други лица со креативен визуелен израз. Секој учесник може да конкурира со најмногу три идејни решенија.

Учесниците треба да достават:

  • Кратко образложение за концептот на пехарот.
  • Визуелна презентација: скица, 3D рендер, технички цртеж или макета (фотографии).
  • Предлог материјали, висина и форма на пехарот.
  • Контакт информации.
  • Критериуми за избор
  • Креативност и оригиналност
  • Препознатлив македонски визуелен идентитет
  • Функционалност и издржливост
  • Можност за реализација
  • Естетика и симболика