Навивачка сакаше да отвори сок на -20, па стана хит на интернет (ВИДЕО)

Навивачка на Чикако Беарс минатата недела стана хит откако на социјалните мреежи објави видео кое е доказ во какви екстремни услови се играше натпреврот на нејзиниот тим.

Пред почетокот на дуелот против Кливленд бронс, навивачката сакаше да отвори сок и да го истури во чаша, но во тие моменти поради ниската температура сокот експресно почна да замрзнува, па чашата се наполни со мраз.

Во моментот кога натпреварот почнуваше била измерена температура од -13 степени додека подоцна се спуштил и до -20, пишуваат медиумите во САД.