Димитриевски нема да се врати на терен до крајот на 2025 година!

Валенсија ќе одигра уште два натпревари до крајот на 2025 година, а македонскиот голман Столе Димитриевски нема да биде во конкуренција за нив.

Димитриевски беше прв голман во шпанскиот Куп, меѓутоа нема да застане меѓу стативите на вечерашниот меч против Спортинг Хихон затоа што е повреден.

Македонскиот чувар на мрежата денеска го пропуштил тренингот со остатокот од екипата и останал во Валенсија да се рехабилитира поради мускулната повреда која ќе го оддалечи од терените до крајот на 2025 година.

„Лилјаците“ вечерва играат против Хихон во Купот, а три дена подоцна ќе се соочат против Мајорка во Ла Лига.