Маџари му пресуди на Феникс за петти триумф во Суперлигата
Маџари подобро го почна натпреварот, водеше со 17-9 по шест минути игра и 23-13 на крајот од воведната четвртина. Во 16. минута ја достигна и највисоката предност (36-23), но потоа Феникс одговори со 18-2, како резултат на што го презеде водството (41-38). Сепак, двете екипи на полувреме заминаа со нерешен резултат.
Домаќините ја имаа контролата во вториот дел, но Феникс не се предаваше и остана во игра до самиот крај на натпреварот. Посебно возбудливо беше во завршницата кога се влезе со резултат 78-78.
Клучниот кош, односно тројка, го постигна Грин, во следниот напад играчите на Феникс имаа два шута за тројка и израмнување, но Рахама и Златевски не беа прецизни. Хот на крајот ја прифати топката, Грин беше фаулиран и од линијата за слободни фрлања стави точка на сите дилеми.
Најефикасен кај Маџари беше Грин со 18 поени, додека кај Феникс, Дајсон постигна 23 поени, а Рахама 19 поени и 12 скока.