Возрасен навивач наместо да гледа фудбал го снимал задникот на прежешка полицајка (ФОТО)

Натпреварите на германскиот фудбалски клуб Хамбургер се познати по жешката атмосфера на трибините, но викендов на „Фолкспаркштадион“ во Хамбург вниманието на јавноста не беше насочено кон теренот, туку кон – полицијата.

Главна тема стана Сара, полициска службеничка од овој град, која за време на дербито против Вердер од Бремен ненамерно се најде во центарот на вниманието. Фотографијата направена на трибините за кратко време се прошири на социјалните мрежи и стана вистински вирален хит. Додека ја извршувала својата должност и го обезбедувала натпреварот, еден постар навивач зад неа не останал рамнодушен, па со мобилен телефон направил фотографија од нејзиниот задник, која подоцна ја привлече вниманието на јавноста.

Сара подоцна ја објави фотографијата на својот Инстаграм-профил, кој веќе е познат по објави што не се ограничени само на полициската униформа, туку вклучуваат и поопуштени и провокативни фотографии.