Најстариот фински клуб испадна од Првата лига – навивачите им го запалија стадионот (ФОТО)
Инцидентот се случил на 7 декември, кога навивачи запалиле дрвена трибина со капацитет од околу 400 седишта. Според информациите на полицијата, на местото на настанот биле присутни тројца малолетници под 15 години, пренесува Еуроњуз. Од трибината останале само кровните греди, додека рекламните паноа и делови од вештачката трева претрпеле сериозни оштетувања. Иако малолетниците не можат кривично да одговараат според финскиот закон, Тамисто потенцира дека тоа не ги ослободува од финансиска одговорност, бидејќи не постои минимална возраст за надомест на штета.

Полицијата апелираше до јавноста да биде воздржана во коментарите, предупредувајќи дека навредливи или несоодветни пораки може да доведат до дополнителни истраги. Стадионот „Техтаас“, познат и како „Фабричко поле“, се наоѓа во градот Валкеакоски и е дом на Хака веќе стотина години. Претседателот на клубот, Марко Лааксонен, изјави дека финансиската штета ќе биде значителна, иако точните бројки сè уште се утврдуваат. Тој додаде дека клубот добил голема поддршка од јавноста, но дека ќе биде потребна дополнителна помош за стадионот повторно да биде оспособен за натпревари.
Хака е формирана во 1924 година и е деветкратен шампион на Финска.