Алонсо му рекол на Гвардиола: Не го сакам Винисиус во тимот!

Во пресрет на вечерашниот натпревар меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, шпанскиот медиум „Ел Чирингито ТВ“ тврди дека Алонсо му се доверил на Гвардиола и му рекол дека веќе не го сака Винисиус Жуниор во тимот.

Пеп Гвардиола му беше тренер на Чаби Алонсо во Баерн Минхен, односот меѓу нив продолжил и откако се разделиле.

„Ел Чирингито“ тврди дека Алонсо откако станал тренер на Реал Мадрид, често се слушал со Гвардиола.

Во една прилика дури и му се доверил дека не го сака Винисиус повеќе во тимот.

Алонсо вечерва можеби за последен пат е тренер на Реал Мадрид, неговата судбина ќе зависи од мечот со Сити. Се пишува дека тој нема контрола врз соблекувалната, а тоа го турка кон излезната врата.