„Барам поддршка од навивачите, сакаме позитивен резултат против Слован Братислава“

Шкендија в четврток го пречекува Слован Братислава на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во петтото коло од Конференциската лига на УЕФА.

Голманот на тетовци, Бубакар Гаје кажа дека ќе се потрудат да извлечат позитивен резултат против словачката екипа, а притоа побара поддршка од навивачите.

„Шампионската титула и пласманот во Конференциската лига е одличен успех. Очекувам на пролет да бидеме уште посилни, но сега се фокусираме на последните два меча. Ги повикувам навивачите да ни дадат поддршка против Слован, а ние ќе дадеме сè од себе за позитивен резултат“, кажа Гаје.

Гаје посочи дека се фокусирани на последните два дуели кои ги играат за оваа година, в четврток против Слован Братислава и на 18 декември против АЕК Ларнака во Конференциската лига.

„Максимално сме фокусирани на последните два предизвици. Европските натпревари се нешто посебно, не се случуваат секој ден и уживаме во нив, но воедно се бориме за позитивни резултати“, вели голманот на Шкендија.

Мечот меѓу Шкендија и Слован Братислава се игра в четврток од 18.45 часот.

Фото: FC Shkendija/Facebook