Вардар нема да биде сам во „битолскиот вулкан“ - доаѓаат и Комити!

Во средината на оваа недела во ракометната Суперлига се игра дербито помеѓу Пелистер и Вардар кое сигурно ќе има големо значење во битката за шампионската титула.

Вардар е единствен тим со максимален учинок во првенството со 15 победи во исто толку натпревари, па поради подобрата форма можеби има и блага фаворитска улога. Сепак, јасно е дека тоа во дерби дуелите не мора ништо да значи.

Пелистер за помалку од еден час ја распродаде салата, но и Вардар нема да биде без подршка. Скопскиот клуб потврди дека во салата ќе има и Комити, а Пелистер веќе обезбедил и сектор за гостински навивачи.

„Македонското ракометно дерби во среда ќе биде збогатено со присуство на нашите навивачи за кои ќе биде обезбеден сектор во салата ,,Боро Чурлевски" во Битола.

Вашата поддршка ќе значи многу за тимот кој со голема желба го исчекува почетокот на натпреварот, кој е закажан за во 18:00ч,

кога на теренот ќе истрчаат ракометарите на Вардар, подготвени да го дадат својот максимум за нова победа!

Ве покануваме да уживаме во ракометната игра и во фер и коректна атмосфера да ги бодриме црвено-црните!“, објави Вардар.

Дербито на програмата е в среда во терминот од 18:45 часот.