Вардар го очекува пекол во Битола: Пелистер за неполн час ги продаде сите билети за дербито (ФОТО)
Домаќинот денеска напладне ги пушти во продажба билетите за натпреварот, а за неполн час не остана ништо од нив. Јасно е дека Вардар го очекува пекол во Битола и на голем тест ќе биде неговата серија без пораз од почетокот на сезоната.
Дербито во Битола има значење и за поредокот на табелата во Суперлигата бидејќи иако Вардар е прв со максимални 30 бода, Пелистер се уште има теоретски шанси да го стигне во следните седум круга. За да се случи тоа, битолчани треба в среда да победат со најмалку четири разлика, а потоа да триумфираат во останатите шест меча, во надеж дека Вардар ќе загуби барем уште еден натпревар, можеби оној против Алкалоид воо Автокоманда.