Избројани се деновите на Салах во Ливерпул - извесно е каде ќе ја продолжи кариерата
Изјавите на Салах по ремито со Лидс, каде што изјави дека нема никаква конекција со Слот и сугерираше дека некои сакаат тој да ги напушти „црвените“, ги поттикнаа шпекулациите за неговата иднина. Саудискиот Ал Хилал е подготвен да ја искористи ситуацијата, со формална понуда за 33-годишниот офанзивен играч од средниот ред за јануарскиот преоден рок.
И Ливерпул е веќе подготвен за можноста да го изгуби играчот и веќе го идентификувал Антоан Семенја од Борнмут како можна замена. Останува да се види колку би можела да биде отштетата, иако во моментов се чини дека цената би можела да биде прифатлива за Ливерпул
Семенјо е проценет на 70 милиони евра, а тоа би можела да биде цената за асот на Ливерпул со оглед на неговите години и моменталната ситуација, иако Борнмут ќе се обиде да добие што е можно повеќе пари.