Алкалоид немилосрден: Радовиш „замрзна“ на минус 20 во Автокоманда!

Ракометарите на Алкалоид без проблеми запишаа уште една победа во македонската Суперлига, откако денеска го надиграа Радовиш со 45-25.

Екипата од Автокоманда ја имаше контролата врз натпреварот од самиот почеток, иако Радовиш даде мал притисок, меѓутоа Алкалоид го засили темпото и на паузата замина со 23-15.

Алкалоид продолжи да доминира во вторите 30 минути, па постојано го зголемуваше водството до конечни 45-25.

Најефикасен во победничкиот тим беше Игор Ѓорѓиев со шест голови, додека Александар Петковски постигна пет погодоци.

На вториот меч кој се одигра вечерва, Бутел го совлада Куманово со 37-29.

По 15 одиграни кола, Вардар е лидер со 30 бодови, по што следи Пелистер со 26, а Охрид и Алкалоид имаат по 23 поени.