Меси во атак на својот 48. трофеј во кариерата

Вечерва во Форт Лодердејл на Флорида ќе биде испишана историја во МЛС бидејќи Интер и Ванкувер ќе играат за својата прва титула во постоењето. Еден од овие два тима ќе стане 16. клуб што станал шампион на САД.

Исто така, вечерва, за прв пат, победник на Светското првенство ќе стане шампион на МЛС. За канадскиот тим тоа може да биде Томас Милер, додека од другата страна, светски шампиони беа Лионел Меси, Родриго де Пол и Серхио Бускетс. Меси ќе атакува на својот 48. трофеј во кариерата, во надеж дека заклучно со Светското првенство ќе ја заокружи бројката од 50 затоа што му претстои Финалисима и потоа одбраната на титулата на Мундијалот.

Милер и Меси одбележаа една ера во европскиот клупски фудбал бидејќи во период од повеќе од една деценија одиграа голем број меѓусебни епски дуели. Милер може да се пофали дека е можеби единствениот фудбалер кој има подобар биланс во пресметките со Меси затоа што како играч на Баерн и германската репрезентација преку него освои две титули во Лигата на шампионите, победувајќи го со 8-2 и 7-0, како и една на Мундијалот во 2014 година со триумфот во финалето од 1-0.

Интер Мајами пред доаѓањето на Меси беше тим од дното на МЛС, но сега е еден од најсилните во оваа конкуренција. Денеска ќе се бори да дојде до првиот шампионски трофеј, но и Ванкувер има многу амбиции да дојде до триумфот затоа што ќе му се придружи на Торонто како втор канадски тим кој стигнал до титулата.

Финалето на Чејс стадионот во Форт Лодердејл почнува во 20:30 по средноевропско време.